Не мрда од Унгарија: Манасков во Веспрем во 2022 година

Покрај Манасков, кој во јануари го очекуваат настапи со македонската репрезентација на ЕП 2020, во Веспрем остануваат и Србинот Петар Ненадиќ и Словенецот Гашпер Маргуч кои, исто така, ќе бидат во ростерот на унгарскиот великан во наредните две и пол години

Еден Македонец во финале во Келн: Манасков со Веспрем ќе игра за титула во ЛШ

Унгарскиот состав, чиј член е Дејан Манасков, во полуфиналето го совлада Кјелце со 33:30 (полувреме 13:13). Македонскиот репрезентативец остана без минутажа во дуелот за финале што се надеваме дека нема да биде така и во утрешниот меч за титула во „Ланксес арена“. Од 18 часот во „Ланксес арена“ ќе играат Вардар и Барселона во второто полуфинале

Од грч до хепиенд: Македонија ја пречкрта Словенија на ракометното ЕП

„Црвено-жолтите“ за првпат почнуваат со победа на еден континентален турнир, во случајот во Хрватска. Во премиерниот настап се совладани „змајчеки“ на Веселин Вујовиќ со 25:24. Ако треба да се издвои некој, тоа сигурно се голманот Никола Митревски со неговите интервенции во првото полувреме и Дејан Манасков со осум гола и Кире Лазаров со седум. Утре е слободен ден, во понеделник (20,30 ч.) Македонија во дуел со Црна Гора