Четврта турнирска дубл победа во 2019 година: Лина Ѓорческа со трофеј во Хехинген

Најдобрата македонска тенисерка во моментот и нејзината партнерка Кристина Дину од Романија ја поразија српско-шпанската комбинација, Олга Даниловиќ/Георгина Гарсија Перез со 4:6, 7:5, 10:7 во финалето на ИТФ турнирот во Германија што се играше за награден фонд од 60.000 долари