Browsing: „Еко Клуб“

До прекин на функцијата што ја извршуваше од 2012 година дојде по избивање на аферата со третман на медицински отпад во погон на компанијата што се наоѓа во просториите на „Металски завод“ во Скопје. Ова е одлука на унгарското Министерство за надворешни работи од каде испратиле нота до македонското МНР со напомена дека стапува во сила веднаш

Да сум им јас претпоставен, ниту обвинителката ќе беше денеска обвинителка, ниту инспекторот ќе беше денеска инспектор“, рече Шилегов на прес-конференција по повод обелоденување на третманот со медицински отпад во погоните на „Еко клуб“

Јасмина Костеска Здравеска е обвинителката задолжена за предистрагата за случајот со „Еко клуб“ за кој Град Скопје објави шокантни видеа и фотографии како доказ дека човечки органи и инфициран медицински отпад несоодветно се уништува и се остава како храна на кучиња скитници

Извори од обвинителството за Нова ТВ пренесуваат дека, под изговор оти работат во трета смена, малкутемина работници во погоните на „Еко Клуб“ го обработувале медицински отпад на несоодветна машина, односно опрема која се користи за поинаков вид отпад, но не и за медицински. Ако се користи за медицински, како во случајот, тогаш отпадот не се обработува (уништува) целосно, туку му се прави примарно дробење, но со оглед дека таа опрема не постигнува висока температура потребна за усмртување на бактериите, особено од крвавите делови на отпадот, заразите, опасни по здравјето на луѓето, не се уништуваат целосно