Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај „Еко клуб“: СДСМ и ВМРО на „нишан“, допрва ќе се покаже кој е одговорен

0
By Нова ТВ on February 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 7, 2020 11:29

Собранието пред два дена со 62 гласа „за“ го донесе Законот за управување со отпад, а на политичката сцена не стивнуваат меѓусебните партиски препукувања кој е одговорен за несоодветниот третман на медицински отпад во депонијата „Дрисла“ и за користење на несоодветно гориво во индустриските капацитети што според екологистите е главна причина за енормното загадување на воздухот во земјава.

 

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ едни со други се обвинуваат кој е одговорен за третманот на медицински отпад на фирмата „Еко клуб“ од Битола, а надлежниот јавен обвинител и издаде наредба на Единицата за економски и компјутерски криминал, од мобилниот телефон на главниот инспектор во Град Скопје да бидат издвоени видеоматеријалите што тој ги снимил, со цел тие да бидат обезбедени на законит начин.

СДСМ го обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека со години ги труел граѓаните и повика случајот со медицинскиот отпад да добие правна разрешница. За неодговорното однесување на Сашо Јанакиевски од „Еко клуб“, пак, порача дека е последица на режимското владеење на Никола Груевски и неговите релации со ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, пак, Петре Шилегов, Венко Филипче и Јани Макрадули мора да одговараат заради несоодветниот третман на медицинскиот отпад, а Јавното обвинителство сè уште е во зимски сон и не реагира за хаосот во „Дрисла“. Порачуваат дека Сашо Јанакиевски многу вешто, по промената на власта, успеал да се приближи до тогашниот премиер Зоран Заев.

 

„Кривичната пријава за третманот на медицинскиот отпад од страна на „Еко клуб“ ја поднесе главниот инспектор на Град Скопје на 13 декември минатата година, три дена откако го забележал настанот. При поднесувањето на пријавата, подносителот не доставил материјални докази, а за настанот не е приложена ниту службена белешка, ниту записник за констатирани неправилности од страна на подносителот-инспектор“, соопшти вчера Основното јавно обвинителство Скопје и прецизира дека од страна на Град Скопје на 31 јануари преку архивата на Обвинителството е доставено ЦД со определени материјали.

Истиот ден по приемот на кривичната пријава, дежурниот јавен обвинител пред кој бил пријавен настанот и кој изготвил записник за прием на кривична пријава, издал наредба до СВР Скопје за да се направат неопходните проверки со кои ќе се обезбедат докази во поглед на наводите во пријавата.

СВР-Скопје постапило по наредбата и до ОЈО било доставено известување со обезбедени и приложени писмени докази – писмен допис од Државниот инспекторат за животна средина со Записник за извршен инспекциски надзор од 12.12.2019 година, како и Решение од тој инспекторат со кој се задолжува правното лице кај кое бил извршен надзорот да изврши мерење на емисии на гасови во воздухот од емитерот на автоклавот за третман на медицински отпад, годишен извештај за постапување со отпад од 30.01.2019 година со пропратна документација, извештај за тестирање кој се однесува на мерење и анализа на концентрацијата на загадувачки супстанции во отпадните гасови од емитер од 23.02.2018 година, договор за вршење услуга – третман на отпад од 04.10.2017 година склучен меѓу „Дрисла“ ДОО Скопје и „Еко клуб“ – Битола и дозвола за вршење дејност – собирање и транспортирање на опасен отпад од 18.11.2016 година издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Доставени се и дозвола за вршење дејност – складирање и третман на опасен отпад од 03.11.2016 година издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, одобрение за вршење на превоз на опасни материи во патниот сообраќај од 01.06.2018 година, издадено од Министерството за транспорт и врски, тековна состојба за правното лице „Еко клуб“ – Битола, податоци за правните субјекти со кои „Еко клуб“ соработувал во вршењето на дејноста, елаборат за животна средина за поставување на постројка за дезинфекција на медицински отпад од септември 2016 година и решение за одобрување на тој елаборат од Министерството за животна средина и просторно планирање и фотодокументација за затекната состојба во просториите на правното лице на 13.12.2019 година, кога по наредба на јавниот обвинител беше извршен увид на лице место.

До Државниот инспекторат за животна средина е издадено барање за достава на податоци за сите дополнителни проверки и за констатираните состојби во постапувањето со медицински отпад од страна на правното лице, а до Управата за финансиска полиција беше издадена наредба за проверки во поглед на финансиското работење на правниот субјект.

За скопскиот градоначалник Петре Шилегов целосно е неприфатливо однесувањето на двете одговорни институции – Јавното обвинителство и Државниот инспекторат за животна средина.

„Педесет дена да молчите, притоа надлежниот државен инспектор за животна средина баш на 12 декември, бидејќи снимањето на градскиот инспектор било забележано од чуварските служби, на 10 декември вечерта. Веројатно на 11 декември се чисти се и баш на 12 декември прават вонреден надзор и му издаваат документ дека сè било во ред. И сега Градот треба да излезе виновен за тоа што пријавил? – Да сум им јас претпоставен, ниту обвинителката ќе беше денеска обвинителка, ниту инспекторот ќе беше денеска инспектор“, рече Шилегов на прес-конференција.

Тој вчера посочи дека МВР го повикал градскиот инспекторот да го даде телефонот на кој се снимките, но снимките, како што рече, веќе не се наоѓаат на тој телефон.

„Одговорен обвинител веднаш бара од истражен судија налог и врши запечатување на таа инсталација. Истиот ден, на 13 декември, кога се пријави требаше да биде запечатена. Да се изврши целосна истрага, да се најдат и остатоци од органи од крв или не знам што, што очигледно биле остранувани пред посетата на државниот инспектор на 12 декември кога е издадено решение дека сè било во ред. Од цела година вонреден надзор баш еден ден по снимањето најдоа да прават контрола. Кој е овде луд? – Недозволиво е однесувањето на овие две институции“, посочи Шилегов.

Случајот, како што појасни, бил пријавен со изјава на записник од страна на инспекторот Мирослав Богдановски како градски инспектор кај надлежната обвинителка. Притоа при самата пријава на надлежната обвинителка и се покажани видео снимките и фотографиите што ги поседува Градот и градскиот инспекторат.

Од 13 декември до крајот на јануари, Шилегов вели дека немаат допирна точка со предметот во ЈО.

„Ниту сме информирани, ниту сме известени, ниту знаеме дали воопшто и на кој начин се постапува од Обвинителството по пријавата. Имајќи го предвид сето ова, носам одлука и како градоначалник се обраќам до ЈО со допис при што го приложувам и ЦД-то на кое се наоѓаат снимките. Повторно нема никаква реакција од ЈО. Ниту од Државниот инспекторат за животна средина“, вели градоначалникот.

Тој наведе дека има три фирми што носат медицински отпад во „Дрисла“ и оти од 20 јануари ги запазуваат протоколите. Вели дека не би било коректно да зборува за нерегуларности или регуларности на „Дрисла“ пред Градот да воспостави контрола. Тие фирми, додава тој, се носители на лиценци.

Македонската асоцијација за цврст отпад (МаСВА) во меѓувреме изрази загриженост за начинот на кој во јавноста се третира прашањето на отпадот, неговиот третман и преработките од отпад за понатамошна употреба.

„Светски воспоставената пракса на селектирање на отпадот, негово рециклирање и преработка за понатамошна употреба е широко применета и гарантира соодветен третман на отпадот и намалување на истиот. Воедно, реупотребата на соодветно третирани остатоци од отпад, гарантирано ја намалува употребата на природни ресурси и обезбедува воспоставување на принципи на циркуларна економија и нула-отпад“, велат од МаСВА.

„Еко Клуб“ Град Скопје Дрисла истрага Медицински отпат обвинителство Третман
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.