Кошарка (У20), ЕП-Б дивизија: Македонија се враќа како 13. од Орадеа

„Црвено-жолтите“ по вторпат на турнирот ја поразија Албанија, овојпат во основниот дел со 71:65 (по четвртини: 7:15, 26:16, 16:21, 22:13) за разлика од пресметката во групната фаза што беше решена по продолженија со 62:54. Прогрес во европската А дивизија за кошаркари до 20 години обезбедија финалистите Романија и Хрватска како и Велика Британија која славеше над Русија со 81:65 во натпревар за третото место

Кошарка (У20), ЕП-Б дивизија: Македонија против Албанија за 13. место

Во плеј-офот за пласман од 13. до 16. позиција на шампионатот во Орадеа, „црвено-жолтите“ ја совладаа Белорусија со 62:58, албанските надежи, пак, беа подобри од Словачка со 74:62. Утрешниот дуел (14,45 ч.) ќе биде втор со западниот сосед во романскиот град по оној во групната фаза што беше добиен со 62:54 по продолженија

Кошарка (У20), ЕП – Б дивизија: Тежок пораз на младинците од Грузија

Грузиските надежи подобри од македонските со 78:48 во третото коло во групата Ц во Орадеа, Романија. Утре е слободен ден на шампионатот, нареден ривал на „црвено-жолтите“ е домашната селекција во вторник попладне (17.30 ч.)