Browsing: ЕУ

Ова е најсериозниот предизвик не само за нас, туку и за светот по Втората светска војна, затоа што пандемијата одамна излезе од здравствениот сектор и почна да ја притиска глобалната економија, е оценка на претседателот Стево Пендаровски во интервју за Фактор

Унгарскиот парламент со двотретинско мнозинство му овозможи на Виктор Орбан да владее со декрет без утврден временски рок. Со овој закон не може да се одржат избори и владата на Орбан ќе може да го суспендира извршувањето на одредени закони

Вицепремиерот за европски прашања на прес-конференцијата во Владата истакна дека 25 машини се набавени со средства на Амбасадата на Норвешка и Агенција на ОН и моментно се наоѓаат во депо во Турција, а останатите 30 се обезбедени од Кина и се преговара за нивни транспорт до Скопје

Лидерот на СДСМ за време на денешното гостување на „Утрински брифинг“ се осврна и на предлогот на партијата за кратење на платите што, како што рече, бил погрешно сфатен и изваден од контекст. Притоа истакна дека тоа е само предлог што не значи дека ќе биде прифатен од Владата

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ ги усогласиле деталите околу препораката ЕУ да отвори преговори со двете земји, наводно без дополнителни услови за Македонија, но не и за Албанија, што според дипломати, таа разлика се должела на ставовите на државите

За денеска во Брисел е закажан состанок на Советот за надворешни работи, утре ќе заседава Советот за општи работи додека 26 и 27 март се резервирани за седница на Европскиот совет на која треба да биде официјализирана одлуката за отпочнување на процесот на преговори со С. Македонија и Албанија за членство во (ЕУ)