Скопски маратон во знак на Кенијците: Бивок најбрз низ главниот град

Годинашен победник е Еванс Кипкемои Бивок кој на целта пристигна со време од 2:14,08 часа пред сонародниците Џон Лангат (+51 секунда) и Хосеа Кипротич (+14,50 минути). Александар Кираџиев беше најдобар Македонец и го освои петтото место (2:42,48 часа), триумф на Дарио Ивановски во полумаратонската трка (1:09,10 часа)