Беспрекорни до главна фаза за СП 2020: Македонските футсалци први на турнирот во Скопје

Во последното коло во рамки на групата Ц, националниот тим ја совлада Албанија со 3:2. На стартот беше совладана Грција со 5:3, во второто и Сан Марино со 7:0. Главната квалификациска фаза за мундијалот е од 22 до 27 октомври. Македонски ривали во неа ќе бидат селекциите на Украина, на Словенија и на Косово. Домаќин на турнирот е Украина

Футсалците ефикасни со Сан Марино: Македонија во главна фаза за СП 2020

Националниот тим под водство на Иван Божовиќ го декласира аутсајдерот од Апенините во групата Ц со 7:0 и го задржа првото место на табелата пред неделните мечеви од последното коло што ќе имаат формален карактер со оглед дека и Албанија го мина ова скалило од мундијалските квалификации

Претквалификации за СП 2020 во футсал: Македонија во фото-финиш ја совлада Грција

Избраниците на Иван Божовиќ го совладаа јужниот сосед со 5:3 и на најдобар можен начин ги најавија амбииците за лидерската позиција на табелата во групата Ц. Утревечер од 20.30 часот во СЦ „Јане Сандански“, националниот тим на мегдан со Сан Марино, три часа претходно ќе играат Грција и Албанија