Доминација на Мерцедес и во Кина: Ф1 илјадарката за Луис Хамилтон

Луис Хамилтон ја извозе 75. победа во кариерата, втора во 2019 година, и низ целта мина со време од 1:32:06,350 часа. Второто место го освои неговиот клупски колега, Валтери Ботас кој заостана 6,552 секунди, како трет заврши Себастијан Фетел (+13,744 сек.). Наредната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози на 28 април во Баку за ГН на Азербејџан

Мерцедес ќе стартува пред Ферари: Утрово во Кина се вози 1.000 трка во Ф1

Од пол-позиција по седми пат во кариерата ќе тргне Валтери Ботас, во првиот ред ќе биде и Луис Хамилтон. Зад нив ќе бидат Фетел и Леклер. Трката на патеката во Шангај е закажана за 08,10 часот по средноевропско време