Филипче: Утрово го посетив Иван, тој е буден и добро се чувствува

Во раните утрински часови во петокот, околу 02 часот по полноќ започна да чука првото трансплантирано срце во градите на 54 годишниот Огненовски. Зафатот беше извршен на Државната кардиохирургија со учество на заеднички тим од кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија), Жан Митрев (Клиника „Жан Митрев“) и Александар Николиќ (Клиника „Систина“) и Маја Мојсова анестезиолог (КАРИЛ)