Избори во Италија- кој е во трка за власт? 

Четирите главни политички сили во трката се десничарска коалиција, централно-левичарска коалиција и двајца аутсајдери. Десничарската коалиција ги обединува Браќата на Италија на Мелони, Лигата на Матео Салвини и Форца Италија на Силвио Берлускони. Партијата на Мелони порано беше помал партнер на коалицијата на десниот центар. На претходните национални избори, во 2018 година, таа доби приближно 4 отсто одгласовите. Но, по 10 години на опозициските клупи, Браќата од Италија се посилни од било кога. Тие се гордеат дека се единствените што останаа надвор од сите коалициски влади што владееја со Италија за време на претходниот мандат – вклучувајќи ја и онаа предводена од  актуелниот премиер Драги. Предлозите на екстремната десница на Мелони вклучуваат запирање на миграциските текови со она што таа го...