Јокохама: Почна истоварот на патници од крузерот „Дајмонд Принцес“

Крузерот го напуштија 500 лица кои не покажаа симптоми на корона-вирус. Нивните тестови беа негативни и немаа никаков контакт со заболените лица, наведе јапонското Министерство за здравство. Лицата без симптоми и со негативни тестови притоа ќе добијат потврда дека „не претставуваат никаков ризик за зараза со корона-вирус“

МНР: Потврден коронавирус кај еден Македонец на крузерот во Јокохама

Нашиот државјанин, како што се посочува, во моментот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија. Македонската Амбасада во Токио е во комуникација со него на дневна основа, но и со останатите двајца Македонци кои сè уште се наоѓаат на крузерот и кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на коронавирусот

МНР: Тројцата Македонци на крузерот во Јокохама во добра здравствена состојба

Од МНР посочуваат дека Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио остварила директна комуникација со тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на бродот „Diamond Princess” во Јокохама. Станува збор за двајца мажи и една жена кои се членови на екипажот