Севернокорејски мистерии: Едно писмо и воз како сигнали за состојбата на Ким Џонг Ун

Државниот весник „Родонг шинмун“ објави текст за негово писмо во кое изразува благодарност до градежните работници кои се ангажирани на модернизација на градот Самјијон. Дел од светските медиуми, пак, пренесуваат дека сателитски снимки „го фатија“ 250 метри долгиот воз што го користи Ким Џон Ун во близина на неговото одморалиште „Вонсан“ во елитниот дел на источниот брег на земјата. Последните денови се појавија информации дека „Врховниот водач“ бил подложен на кардиоваскуларна операција и оти по зафатот се наоѓа во „вегетативна состојба“, но таквите наводи се непотврдени