Самоа, Кирибати и Нов Зеланд ја пречекаа Новата 2020 година

По Самоа во новата година влезе и Нов Зеланд, по тешката година, во која беа соочени со голем терористички напад и ерупција на вулкан. Во Новата 2020 година наскоро ќе влезе и Австралија, меѓу кои и Сиднеј, каде повторно ќе има спектакулараен огномет и покрај петицијата потпишана од повеќе од 280.000 луѓе против таа атракција. Американската Самоа, која се наоѓа на само 220 километри источно од Самоа на другата страна од датумската граница, последна ќе влезе во 2020 година