Тодоровски: Не планирам ангажман во МВР

Редакцијата на Нова ТВ го објавува ова барање на Кирил Тодоровски со напомена дека никаде во текстот не тврдиме дека тој на било кој начин планирал ангажман во МВР. Туку дека за таков негов ангажман има планови техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев

Агентите Алексовски и Тодоровски се под суспензија, Чулев сака да ги прибере во МВР

И двајцата се сметаат за вмровски кадри и наводно се наоѓаат на списокот за трансфер од Агенцијата за разузнавање во МВР. Покрај нив, уште неколкумина се подготвуваат да преминат во полицијата, а претходно тоа веќе го направија петмина