Пендаровски до петок очекува мандатар за составување на нова Влада

Шефот на државата, како што соопштуваат од неговиот кабинет се консултирал со еминентни експерти, при што заклучил дека Собранието е конституирано на 4 август и оти оттогаш течат уставните рокови за доделување на мандатот. Реакцијата се однесува на ставовите кои ги изнесе досегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, кој за ТВ 21 рече дека доколку претседателот Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот собраниски спикер, тогаш неговиот чекор би бил противуставен

Дескоска расчистува правни дилеми: Собранието е конституирано, течат роковите за Влада

Дали тече рокот од 10 дена за доделување на мандат за состав на Владата? - Да. Мандатот на пратениците, согласно Уставот, тече од конститутивната седница. Не може пратениците да имаат мандат во неконституирано Собрание. Собранието е веќе конституирано на конститутивната седница, прецизира Дескоска која во последната Влада раководеше со министерството за правда