Кошарка (У20), ЕП-Б дивизија: Македонија се враќа како 13. од Орадеа

„Црвено-жолтите“ по вторпат на турнирот ја поразија Албанија, овојпат во основниот дел со 71:65 (по четвртини: 7:15, 26:16, 16:21, 22:13) за разлика од пресметката во групната фаза што беше решена по продолженија со 62:54. Прогрес во европската А дивизија за кошаркари до 20 години обезбедија финалистите Романија и Хрватска како и Велика Британија која славеше над Русија со 81:65 во натпревар за третото место

Кошарка (У20), ЕП-Б дивизија: Македонија против Албанија за 13. место

Во плеј-офот за пласман од 13. до 16. позиција на шампионатот во Орадеа, „црвено-жолтите“ ја совладаа Белорусија со 62:58, албанските надежи, пак, беа подобри од Словачка со 74:62. Утрешниот дуел (14,45 ч.) ќе биде втор со западниот сосед во романскиот град по оној во групната фаза што беше добиен со 62:54 по продолженија