Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Квалификации за ЕП 2019
Два гола за Австријците постигна Јакуповиќ, по еден Хонсак и Лајмер за заслужено пакување на трите бода за Виена. Наредниот дуел за „црвено-жолтите“ е против Русија на 23 март догодина
По скапото октомвриско луксузирање со тешко стекнатиот рејтинг, новата генерација на младата фудбалска репрезентација на Македонија е пред нов испит во квалификациите за ЕП 2019 во Италија и во Сан Марино. Дуелот на „црвено-жолтите“ со нивните австриски врсници е утре попладне (13 ч.) на „Телеком арена“
За најмладата и најмала членка на УЕФА ова е прва победа во историјата во категоријата У21. Стрелец на единствениот гол на стадионот „Алгарве“ во Фаро беше Грем Торилја, член на локалниот клуб Монс Калпе, во 64. минута што го прави и најефикасен во тимот кој мечевите досега ги завршуваше со нула
Подобри од „црвено-жолтите“ попладнево беа нивните врсници од Србија со 2:0. Стрелци на головите на стадионот во тренинг комплексот при ФФМ беа Лукиќ во 22 минута и Живковиќ во 37. Веќе во понеделник ќе следува гостување во Португалија кај селекцијата на Гибралтар во квалификациите за ЕП 2019
Меѓу повиканите 21 играч ги нема Јевтовски кој е без ангажман, Доријан Бабунски и Калвин Н’Сонго кои се без минута во своите клубови и Елиф Елмас и Никола Ѓорѓев кои се повикани од Игор Ангеловски во сениорскиот тим за дуелите со Израел и со Албанија во квалификациите за СП 2018