Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милевски: Критериумите за повик и принципите за работа остануваат исти

0
By Нова ТВ on August 23, 2017 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 23, 2017 18:29

Младата фудбалска репрезентација на Македонија е пред нова квалификациска авантура што сака да биде подеднакво убава и слатка како и претходната. Циклусот за наредното ЕП 2019 во Италија почнува во септември и во него ќе се влезе со нова, свежа, генерација желна за докажување и стари амбиции. Конкурентност во групата, сериозен пристап на тренинзите, максимално залагање на натпреварите, добра игра и, секако, позитивни резултати.

Селекторот Благоја Милевски објави список со 21 играч за гостувањето во Ерменија на 5 септември. Изборот го темелеше врз искуството од пријателскиот меч со Црна Гора и притоа упати јасна порака до сегашните, но и идни репрезентативци.

„Во принцип не сум човек што сака да менува. Критериумите за повик во репрезентацијата остануваат исти како и досега. Оние што се стандардни во своите клубови ќе добијат шанса за докажување и во националниот дрес. Ќе играме во тешка група со одлични селекции. Наша цел и обврска е вадење на максимум и да сториме се што е во рамки на нашите можности да победиме во секој натпревар за подигнување на рејтингот“, истакна Милевски при соопштување на одбраните за подготовки и пат во Ереван.

Вардаровиот напаѓач Петар Петковски, и покрај повредата, е сепак вметнат во составот со надеж дека неговото колено ќе биде навреме санирано и ќе биде оспособен за настап во квалификациската премиера. Затоа, пак, епизодата Ереван ја пропуштаат Стефан Јевтовски кој е без клуб и Доријан Бабунски и Калвин Н’Сонго кои немаат минутажа во своите клубови, а Н’Сонго, згора на тоа, има проблеми и со документацијата.

„Петковски е неизвесен поради повреденото колено, Јевтовски е без ангажман, Бабунски и Н’Сонго без минута. Се надевам дека ќе се снајдат во периодот што надоаѓа и ќе се вратат во репрезентацијата за мечевите во октомври. Што се однесува до Ерменија, тоа е селекција што е составена од двата најдобри тамошни клуба Пјуник и Банантс. Одлично се познаваат, одлично функционираат, играат брзо, динамично и агресивно и се одлично технички потковани. Нема да биде нималку лесно против нив“, додаде предводникот на националниот У21 тим.

Покрај Ерменија, ривали на Македонија во квалификациите за ЕП 2019 ќе бидат и Србија, Русија, Австрија и Гибралтар.

Список на фудбалери (У21) за мечот со Ерменија во квалификациите за ЕП 2о19 во Италија

Голмани

Филип Илиќ (Гандзасар/Ерменија)

Боби Целески (Македонија Ѓ.П.

Одбрана

Давид Атанаскоски (Академија Пандев)

Алекс Симовски (Акрополис/Шведска)

Костадин Чешмеџиев (Академија Пандев)

Алекса Амановиќ (Јавор/Србија)

Јован Попзлатанов (Пелистер)

Стефан Костов (Ренова)

Бесарт Кривањева (Шкупи)

Среден ред

Тихомир Костадинов (Ружемберок/Словачка)

Енур Тотре (Шкендија)

Давор Здравковски (АЕЛ Лимасол/Кипар)

Никола Кулески (Сиднеј/Австралија)

Дин Аломеровиќ (Фуенлабрада/Шпанија)

Кристијан Филиповски (Силекс)

Напад

Петар Петковски (Вардар)

Емил Абаз (Спартак/Србија)

Бобан Георгиев (Силекс)

Селмани Ремзифаик (Ујпешт/Унгарија)

Даниел Крезиќ (Одеволд/Шведска)

Демир Бенјамин (Скопје)

Благоја Милевски Квалификации за ЕП 2019 Македонија список У21 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.