Browsing: Лига на шампиони (ж)

Во второто полуфинале ќе играат Ѓер и ЧСМ Букурешт. Завршниот турнир во шампионската Лига на ЕХФ во женска конкуренција е закажан на 12 и 13 мај во „Ласло Пап“ арената како што беше случај и во изминатите четири години

Ракометен дијалог на теренот во „Ведигсбургхале“ во Ерфурт се водеше само во воведниот дел на средбата. Се останато беше ракометен монолог во продукција на „црвено-црните“ девојки кои не дозволија сензација налик на онаа од 2014 година и славеа со 29:21. Наредниот викенд вардарки му гостуваат на норвешки Ларвик

„Црвено-црните“ девојки во премиерата на групната фаза триумфираа против Ференцварош со 34:31 (20:11) како еден вид на подгревање на надежите дека токму ова издание од елитното натпреварување на ЕХФ можеби е нивно за, конечно, и тие да се вратат во Скопје со посакуваниот трофеј од завршниот турнир. Цвијиќ и Лекиќ најефикасни со седум гола, стандардно на висина на задача и Пенезиќ и Лакрабер кои постигнаа по шест