Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, Лига на шампиони (ж): ЖРК Вардар ја отвори сезоната со победа

0
By Нова ТВ on October 6, 2017 СПОРТ
Фото: zrkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 6, 2017 22:03

ЖРК Вардар со победа ја отвори новата сезона во ракометната Лига на шампиони. „Црвено-црните“ девојки во премиерата на групната фаза триумфираа против Ференцварош со 34:31 (20:11) како еден вид на подгревање на надежите дека токму ова издание од елитното натпреварување на ЕХФ можеби е нивно за, конечно, и тие да се вратат во Скопје со посакуваниот трофеј од завршниот турнир.

Одлично прво полувреме и осцилаторно второ одиграа вардарки против унгарскиот гостин во СЦ „Јане Сандански“, но залихата од воведните 30 минути се покажа доволна за славје на крајот. По избалансираниот почетокот и резултатскиот егал (10:10) до средина на воведниот дел, домашните ракометарки одиграа фуриозно и со серија од 8:0 направија голем исчекор што беше пресуден за архивирање на првите бодови во групата во која уште се Тирингер и Ларвик.

Огромно влијание во нападот имаше Драгана Цвијиќ, српската репрезентативка која меѓу двете сезони пристигна во Скопје од екипата на Будуќност. Дебито во „црвено-црниот“ дрес го одбележа со седум гола колку што постигна Андреа Лекиќ, по еден помалку од нив реализираа Андреа Пенезиќ и Александра Лакрабер. Прв стрелец кај гостинките од Будимпешта беше Фалувеги со седум погодоци.

ЖРК Вардар во второто коло, на 15 октомври, ќе гостува во Германија на тимот на Тирингер.

ЖРК Вардар – Ференцварош 34:31 (20:11)

Сала: СЦ „Јане Сандански“. Гледачи: 1,500. Судии: Јоана Бремер и Агнешка Сковронек (двете од Полска)

ЖРК Вардар: Лејно (6 одбрани), Суслина (5 одбрани), Радичевиќ 2, Кликовац, Саздовска, Кузнецова 1, Лазович 1, Пенезиќ 6, Керамичиева, Чанадија 3, Лакрабер 6, Хмирова, Цвијиќ 7, Лекиќ 7, Петровиќ, Ристовска 1. Тренер: Ирина Дибирова.

Седмерци: 5/6. Исклучувања: 10 минути.

Ференцварош: Сикора (9 одбрани), Биро, Шацл 1, Сучански, Секереш, Месарош, Ван дер Хејден 2, Мартон 2, Лукаш, Снелдер 6, Пења 6, Хафра, Фалувеги 7, Јовановиќ 4, Ковачич 3, Хорњак. Тренер: Габор Елек.

Седмерци: 1/2. Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Вардар Лига на шампиони (ж) ракомет Ференцварош
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.