Browsing: Македонија

Министерката за семејни работи и социјални услуги, Криста Киуру информира дека на аеродромот било организирано доброволно тестирање на сите патници кои пристигнале со летот од Скопје, откако властите утврдиле дека два неодамнешни авионски летови од Северна Македонија и од Романија, се главни извори на нови инфекции со коронавирус во Финска

Во изминатото деноноќие се направени 1.188 тестирања кои покажале позитивни резултати кај 32 лица во Скопје, по девет во Куманово и во Штип, по седум во Гостивар и во Кичево, шест во Кавадарци, четири во Битола, три во Дебар, две во Велес и по едно лице во Прилеп, во Тетово, во Струмица, во Кочани, во Демир Хисар и во Виница

По предвремените парламентарни избори на 15 јуни, новиот собраниски состав се конституира на 4 август и почна да тече 10 дневниот рок за формирање на парламентарно мнозинство, по што претседателот на државата треба да го додели мандатот за формирање на Влада. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата за чиј избор треба да гласаат мнозинството на пратеници

Со вчерашните 200 нови пациенти, Македонија во моментот има 3.609 активни случаи на Ковид-19 од кои 372 позитивни и суспектни лица на вирусот се хоспитализирани. Вкупниот биланс, пак, во државата од почетокот на пандемијата е 11.754 заболени граѓани, 7.622 се оздравени и, за жал, регистрирани се 523 смртни случаи

Според генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, на јавната постапка на ЕВН Хоум била понудена цена од 38,80 евра за мегават час што на крајот од годината ќе донесе профит од само 547.000 евра на државната компанија. Се доведовме на раб на опстојување и никако не можеме да ја намалиме зашто во таков случај ќе трпиме сериозни загуби и тоа ќе се рефлектира во наредните три, пет или повеќе години, додаде тој

Во изминатото деноноќие се направени 1.828 тестирања со позитивни резултати кај 65 лица во Скопје, 21 во Штип, по 14 во Куманово и во Гостивар, по 12 во Велес и во Тетово, по седум во Битола и во Кавадарци, по шест во Кичево и во Дебар, по пет во Струга и во Кочани, по четири во Охрид, во Радовиш и во Македонски Брод, по три во Прилеп, во Пробиштип и во Свети Николе, две во Демир Хисар и по едно лице во Струмица, во Крива Паланка и во Неготино