Browsing: Македонија
Во изминатите 24 часа, како што информираат од Министерството за здравство, починале две пациентки од Куманово и од Крушево на возраст од 85 година, односно 77 години. Во денешната евиденцијата на ИЈЗ влегува еден починат пациент од струшкото село Лабуништа, кој имал хируршка интервенција во болницата „Филип Втори“, а бил позитивен на коронавирус
Забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, за време на претстојниот христијански празник Велигден, ќе трае до вторник (21 април) во 5 часот
Грчката Влада ја продолжи мерката за привремено ограничување на сите авионски, железнички и патни врски со Северна Македонија и забрана…
Денеска се регистрирани и 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот
Од почетокот на епидемијата во земјава починаа 44 лица. На утрешната седница на Советот за безбедност ќе се носи одлука за продолжување на вонредната состојба за нови 30 дена
Две лица од Скопје на возраст од 79 години, односно 63 години, и по едно лице од Прилеп (67 години) и Велес (58 години) починаа во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, информираат од Министерството за здравство (МЗ)
Како што соопшти Министерството за здравство (МЗ), по градови во Скопје се регистрирани 15 лица, во Куманово – 18, Прилеп – 14, во Струга – 10, во Велес – 6, во Тетово – 2 и по едно лице во Битола, во Гостивар и во Кочани
Средствата ќе бидат исплатени преку Инструментот за брзо финансирање (Rapid Financing Instrument (RFI)) и ќе помогнат во финансирање на мерките за здравствена и макроекономска стабилизација, обезбедување на итните потреби на платниот биланс што произлегуваат од пандемијата предизвикана од ковид-19 и забрзување на поддршката од меѓународната заедница
Мерката што ја донесе Владата ќе почне да се применува во 16 часот и ќе важи до 5 часот наутро во понеделник и во насока е на спречување на ширењето на коронавирусот во земјава
Помошта вклучува и нов брз проект како одговор на итните приоритети во здравствениот сектор, но и за заштита на приходите на домаќинствата, како и реструктуирање на веќе одобрени проекти за мобилизирање на средства за поддршка на малите и средни претпријатија, стои во објавениот извештај на Светска банка
Прва придобивка за земјава од пристапувањето кон НАТО, според лондонскиот портал, е тоа што членството „може да биде одлично за долгорочната стабилност и економскиот развој“ на државата. Како втора придобивка за земјава од членството во НАТО е можноста за намалување на етничките тензии, кои, како што се оценува во анализата, сè уште претставуваат проблем
Мерката, што ќе важи за тероторијата на целата земја, ќе трае 11 часа во работните денови, со почеток во 16 попладне до 5 часот наутро. За време на викендот, пак, ќе се забранува од петок во 16 часот до 5 часот во понеделник
