Browsing: мандат

„За“ предложениот владин кабинет гласаа 62 пратеника, а „против“ беа 51. Старо-новиот премиер Зоран Заев, меѓу другото, најави насочување на целосниот фокус кон економијата, јакнење на економскиот стандард, перспективи за младите во приватниот сектор, привлекување на што е можно повеќе странски инвестиции, привлекување на домашниот капитал да влезе во инвестиции, намалување на непродуктивните трошоци во администрацијата, но и посилно и поквалитетно здравство

Лидерот на СДСМ вчера попладне имаше нова средба со Али Ахмети кој, пак, повтори дека двете страни колку се блиску, толку се и далеку во процесот. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвини за кршење на Уставот, злоупотреба на позицијата Претседател на држава и најави замрзнување на односите, како и преиспитување на политиките кон институцијата

Имавме ситуација во 2016 година. Мандатот му беше доверен на Никола Груесвки и не успеа за 20 дена да формира влада. Уставот е јасен дека рокот истекува и мандатот се враќа. Тогаш мандатот го добив јас и второрангираната коалиција со два пратеника помалку од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Јас успеав да формирам влада. Разликата е во тоа што сега јас ќе успеам да формирам Влада“, истакна Заев од оретседателската вила Водно

Шефот на државата, како што соопштуваат од неговиот кабинет се консултирал со еминентни експерти, при што заклучил дека Собранието е конституирано на 4 август и оти оттогаш течат уставните рокови за доделување на мандатот. Реакцијата се однесува на ставовите кои ги изнесе досегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, кој за ТВ 21 рече дека доколку претседателот Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот собраниски спикер, тогаш неговиот чекор би бил противуставен

Рускиот претседател Владимир Путин вчера најави сеопфатни уставни реформи, а нов премиер ќе биде Михаил Мишустин. Тие би можеле да му помогнат да остане на власт и откако ќе му заврши вториот мандат, коментира Роман Гончаренко