Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија пред дилема – или гласање во октомври или техничката Влада ќе стане редовна

0
By НОВА ТВ on August 11, 2021 РЕГИОН
Фото: lhinv.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 11, 2021 10:57

Седницата на бугарското Народно собрание оваа среда требаше да започне со гласање за новиот состав на Владата, предложен од партијата на Слави Трифонов. Меѓутоа, тоа нема да се случи, бидејќи вчера лидерот на „Има таков народ“ објави дека нивниот предлог воопшто нема да го постават за гласање на дневниот ред на седницата.

Па така, за само четири и пол месеци, партијата на Трифонов предложи тројца кандидати за премиер, од кои двајца дури добија и мандат за формирање влада од страна на претседателот на државата, Румен Радев. Но, на крајот „Има таков народ“ не успеа да формира Влада, притоа обвинувајќи ги другите политички сили, со кои заеднички протестираа против владеењето на Борисов. Оттаму, се поизвесно е дека Бугарија повторно ќе избира пратеници, кон крајот на октомври или почетокот на ноември, но сепак остануваат отворени голем број прашања.

Слави Трифонов за повлекувањето на предлогот за состав на Влада, ги обвини „Демократска Бугарија“ (ДБ) и „Исправи се“, кои одбија да го поддржат предлогот. Во вторникот, претседателот на ДБ, Христо Иванов, гo нарече предлогот на Трифонов „најслабиот состав досега, кој го сочинуваат анонимуси“. Маја Манолова од „Исправи се“ рече дека не добиле гаранции дека новата Влада нема да расчисти со влијанијата на ГЕРБ и ДПС. „Партиите на протестот“ побараа писмен договор за поставување на приоритетите за новата Влада на ИТН.

Партијата на Трифонов одби да потпише договор и отворено ја поддржа идејата за т.н природни мнозинства во Собранието по однос на различни теми. ДБ и „Исправи се“ го обвинија Трифонов за ароганција, затвореност и обид за притисок. Од ИТН вратија дека партиите предводени од Иванов и Манолова се предавници.

Најблиску до давање поддршка за новиот состав беа бугарските социјалисти. Во последен момент, БСП побара повлекување на кандидатот за министер за внатрешни работи Петар Илиев, на што партијата на Трифонов не се согласи.

Така, 65 -те пратеници на Слави Трифонов останаа единствените кои го поддржуваат предлог составот.

Иако претседателот Радев веќе му врачи мандат на Николов за премиер, тој практично ќе остане неисполнет, бидејќи ИТН го повлече предлогот за состав на нова Влада, што ја отвори правната дилема како да се продолжи понатаму. При вратен мандат, кој се уште не стигнал до собраниските служби, процедурата е јасна, односно Радев би требало да му додели мандат за формирање влада на кандидатот на втората политичка сила, а тоа е ГЕРБ на Бојко Борисов, кој има 63 пратеници.

Борисов, неколку пати изјави дека нема да се обидат да формираат Влада и дека ќе останат во опозиција. Ако овој нивен став остане непроменет, ГЕРБ ќе го врати мандатот. Последно, заменикот на Борисов, Даниел Митов го прими и го врати мандатот, по изборите во април, а денеска пак рече дека на државата и е неопходна стабилна Влада, што отвора простор дека можеби ГЕРБ сепак ќе се обиде да преговара.

Со оглед на фактот што никоја од останатите парламентарни партии не е желна за коалицирање со Борисов, останува уште последниот обид – третиот мандат со кој располага претседателот, а за кој има право самиот да избере на која партија ќе го врачи. Остануваат четири опции – БСП (36 пратеници), „Демократска Бугарија“ (34), ДПС (29) или „Исправи се“ (13).

Социјалистите го побараа мандатот и рекоа дека ќе предложат парламентот да ја гласа привремената техничка влада, составена од претседателот Радев, како редовна Влада. Оваа идеја ја споделија и пратениците на „Исправи се”.

„Демократска Бугарија“ ги повика ИТН, „Исправи се“ и БСП да ги смират страстите и да се обидат да договорат Влада, која би управувала со државата барем шест до осум месеци, со цел да се стабилизираат процесите и државата да не западне во политичка криза. Неколку часа подоцна, Слави Трифонов рече дека тие нема да ја поддржат ваквата идеја.

Кога сите три мандата ќе бидат вратени кај претседателот, Радев скоро и да нема избор – Уставот вели дека тој мора да го распушти парламентот и да распише нови избори. Тој треба да назначи привремена влада, која всушност и веќе е назначена и управува со Бугарија.

Доколку ГЕРБ го врати вториот мандат, а третиот мандат исто така не успее, се очекува постапката да трае околу две недели. Односно пред крајот на август, Румен Радев ќе може да го распушти Народното собрание. Ова значи дека следните парламентарни избори може да се одржат најрано кон крајот на октомври.

Меѓутоа, во речиси истиот период, Бугарија ја очекуваат и претседателски избори. Првиот круг од претседателските избори во 2016 година беше на шести ноември, па логично би било следните избори да се одржат околу овој датум. Законите не забрануваат да се одржат парламентарни и претседателски избори во временски период од една или две недели, но тоа значи двоен напор – и финансиски и логистички за партиите и институциите.

Исто така можно е одржување на парламентарни и претседателски избори на ист датум, иако тоа никогаш порано не се случило во Бугарија. Кога точно ќе бидат изборите, сепак, ќе зависи од некаков договор помеѓу претседателот и парламентот. Уставот вели дека претседателот закажува избори за Народно собрание, а Народното собрание распишува избори за претседател.

Вчера, Трифонов, исто така, рече дека неговата партија го поддржува Румен Радев за втор мандат. Не е познато дали имало преговори и дали самиот Радев барал таква поддршка.

Бугарија избори ИТН мандат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.