Browsing: Милан

Според угледниот француски медиум смената на Џенаро Гатузо и промоцијата на францускиот менаџер на „Сан Сиро“ е прашање на ден по преговорите меѓу него и раководството на „росонерите“ што траат веќе неколку недели

Фантастичниот дефанзивец е дете на „росонерите“. Целата своја кариера во копачки ја мина во „црвено-црниот“ дрес и од 1984 година до 2009 година одигра 902 средби во сите натпреварувања (647 во Серија А). За репрезентацијата на Италија настапи во 126 средби во кои постигна седум гола

„Росонерите“ се обврзаа на Јувентус да му исплатат 18 милиони евра, но презедоа и обврска да го откупат неговиот договор по завршување на сезоната 2018/19 за двојно поголема сума. Аргентинецот на „Сан Сиро“ ќе има годишна плата од седум и пол милиони евра колку што заработуваше и во Торино

Милан во јуни доби двегодишна забрана за настап во европските фудбалски натпреварувања поради кршење на правилото за финансиски ферплеј. „Росонерите“ ја обжалија таквата одлука во Судот за спортска арбитража во Лозана, пресудата беше во нивна корист, па вчера повторно станаа учесници во УЕФА Европа лигата за сезоната 2018/19

Казната за седумкратниот европски првак доаѓа како последица за кршење на правилото за финансиски фер-плеј, соопштија од централата во Нион. Нивното место во групната фаза во ЛЕ го добива Аталанта додека местото на тимот од Бергамо во квалификациите ќе биде пополнето со Фиорентина

„Росонерите“ ја декласираа Фиорентина со 5:1 во натпревар од последното коло за оваа сезона и го потврдија шестото место на табелата што гарантира директно учество во групната фаза во Лига Европа за сезоната 2018/19.

„Старата дама“ во финалето на Купот на Италија ги декласира „росонерите“ со 4:0. Сите четири погодоци на „Олимпико“ паднаа во второто полувреме од кои два беа дело на Бенатија, еден на Коста, а последниот беше автогол на Калиниќ

Тренерската промена на „Сан Сиро“ доаѓа по неделното реми (0:0) на „росонерите“ со Торино на домашен терен во Серија А, половичниот ефект во првенството по 14 одиграни кола (20 освоени бода од можни 42) и седмото место на табелата што не е доволно ниту за пласман во Лига Европа за наредната сезона, а камоли за враќање во Лигата на шампионите што беше поставена како цел од раководството

Римските „небесно-сини“ ги надиграа „росонерите“ со 4:1 и покажаа дека се наоѓаат во одлична форма. Италијанскиот репрезентативен напаѓач беше незапирлив за гостинската одбрана на „командантот“ Леонардо Бонучи. Удинезе на својот стадион „Фриули“ со минимален триумф против Џенова на Пандев кој беше стартер и принудно заменет во 39 минута

Менаџерот на „росонерите“ го оцени гостувањето во Скопје како важно од аспект на индивидуалниот и колективниот пристап во ситуација кога се има убедлива предност каква што неговите фудбалери ја понесоа од Милано. Планираните ротации во тимот ги образложи со згуснатиот распоред и клупски обврски на секои три дена до крјот на годината, а згора на тоа ќе има и репрезентативни активности