Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Монтела: Измени во тимот ќе има, но пораз не сакаме во Скопје

0
By Нова ТВ on August 23, 2017 СПОРТ
Фото: acmilan.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 23, 2017 22:19

Најавите за измени во составот на Милан за утрешниот реванш со Шкендија на „Телеком арена“ добија потврда во Скопје. Поради згуснатиот есенски распоред и битките на четири фронта што ги очекуваат „росонерите“ до крај на годината, нивниот менаџер Винченцо Монтела ќе поштеди дел од фудбалерите, дел, пак, воопшто не ги поведе на пат кон Македонија. На таквата негова улога во голема мера влијаеја убедливите 6:0 од првиот меч на „Сан Сиро“.

„Дојдовме со комбиниран состав и утревечер ќе направам некои измени во тимот. Но, тоа не значи дека го потценуваме противникот. До крајот на годината нè очекуваат многу средби. На секои три дена ќе имаме обврски, па затоа е неопходно да ротираме. Широкиот фонд на играчи што го имаме на располагање го овозможува тоа. И на нив им е потребна свежина и одмор. Да не заборавиме дека доаѓаат и репрезентативни активности“, рече Монтела на вечерашната прес-конференција во „Мериот“ каде отседна италијанскиот гигант.

Монтела истакна дека возвратните 90 минути на „Телеком арена“ се подеднакво важни за Милан како и воведните на „Сан Сиро“. Гостувањето во Скопје го оцени како важно од аспект на индивидуалниот и колективниот пристап во ситуација кога се има убедлива предност каква што „росонерите“ понесоа од Милано во Скопје.

„Секој натпревар е важен за нас. Исклучок не е ниту утрешниот кој ќе биде поинаков од првиот. Од една страна поради измените што ги планирам, а од друга страна и од желбата на Шкендија за поправање на впечатокот пред нејзина публика. Важна ни е Лигата на Европа како што ни е важна и Серија А. Имаме убедлива предност, се гледаме како учесници во групната фаза, но не е сеедно како ќе одиграме. Шкендија „согоре“ во желбата во Милано и не мислам дека разликата од шест гола е дотолку реална“, заклучи менаџерот на миланезите или популарното „авионче“, прекар што го доби за начинот на прослава на головите во дресот на Рома.

Милан во Скопје допатува без голманот Џ. Донарума, без дефанзивците Конти, Мусачо, Палета и Родригез, без играчите од средниот ред Бонавентура, Монтоливо, Билја, Соса и без напаѓачите Чалханоглу, Нианг и Калиниќ кој во текот на оваа недела се пресели во Милано како позајмен играч од Фиорентина.

Реваншот меѓу Шкендија и Милан е утревечер со почеток од 20,45 часот.

Состав на Милан за реваншот со Шкендија

Голмани: А. Донарума, Сторари, Гварноне

Одбрана: Абате, Антонели, Бонучи, Калабрија, Габиа, Гомез, Ромањоли, Запата

Среден ред: Кеси, Локатели, Маури, Тпраси, Занелато

Напад: Борини, Кутроне, Андре Силва, Сусо

Винченцо Монтела Лига Европа Милан Плеј-оф фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.