Browsing: Мирјана Бошковска

Ана Камчева, во својство на сведок во случајот „Рекет“, посведочи дека парите што таа требало да му ги однесе на Јовановски, во сума од 350.000 евра, ѝ ги донела нејзината свекрва Ратка во несесер. Исказ како сведок даде и Мирјана Бошковска Мими, сметководителката на Орце Камчев. Тврдеше дека на трипати во декември 2018-та извадила околу 22 милиона денари, а потоа во февруари уште 38 милиони денари од приватните сметки на Ана Камчева и на Ратка, мајката на Орце. Според нејзиното сведочење, 80 отсто од парите што таа му ги предала на Камчев биле во апоени од 50 евра. Парите ги предала во две спортски торби, едната поголема, а другата помала.Кога ги предала, во двете спортски торби имало 710.000 евра. Следното рочиште е закажано на 25 декември со нови тројца сведоци