„Охридско лето“ вечерва слави 59 роденден: Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на сцената во Антички театар

„Охридско лето“ својот официјален почеток го бележи со концертот на оперската певица Ана Липша Тофовиќ на 4 август во далечната 1961 година. Манифестацијата од година во година се развива по нагорна линија, прераснувајќи во пример како треба да се организира, одржува и негува еден фестивал. Од 1994 година е редовен член на Европската асоцијација на фестивали, асоцијација која на последниот состанок во Лисабон го смести „Охридско лето“ меѓу трите најреномирани манифестации од таков вид на стариот континент