Browsing: МЗТ Скопје

„Штрковите“ славеа на гостувањето кај Задар со 89:83 (по четвртини: 30:18, 27:18, 22:25, 10:22) и се најдоа на чекор до враќање во елитното регионално кошаркарско друштво за што им треба уште една победа. Вториот натпревар од серијата меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Задар е на 23 април во 18 часот во Скопје, а евентуалната мајсторка е на 30 април од 17 часот на брегот на Јадранот

По вчерашните 93:71, словенечкиот состав вечерва ги порази „металците“ со 95:72 (по четвртини: 25:20, 18:13, 25:14, 27:25) за водство од 2:0 во серијата „подобар од пет“ што се сели во македонската престолнина каде во четврток (18 ч.) е планирана третата средба

„Металците“ и во вториот меч во полуфиналето од плејофот славеа над Спарс со 84:70 (по четвртини: 20:16, 21:21, 19:15, 24:18) и со 2:0 го елиминираа тимот од Сараево. Противник на МЗТ Скопје во финалето ќе биде подобриот од втората полуфинална серија меѓу Борац Чачак и Приморска. Победникот во наредната сезона ќе игра во елитната АБА лига, поразениот, пак, ќе игра бараж со Задар

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец ќе биде големо засилување на екипата под обрачите во обид во борбата за шампионската титула во домашното првенство, но и во мисијата за враќање во елитната АБА конкуренција

Центарци пред малку во СЦ „Јане Сандански“ ги совладаа аеродромци со 76:75 (по четвртини: 18:21, 19:15, 25:26, 13:14) и со евентуален триумф во петок во Градски парк ќе стават печат на финалната серија за оваа сезона