Работнички го доби МЗТ Скопје во СЦ „Јане Сандански“ и на чекор е до 15. шампионска титула во македонското кошаркарско првенство. Центарци пред малку во СЦ „Јане Сандански“ ги совладаа аеродромци со 76:75 (по четвртини: 18:21, 19:15, 25:26, 13:14) и со евентуален триумф во петок во Градски парк ќе стават печат на финалната серија за оваа сезона.

Најефикасен на средбата беше играчот на Работнички, Расел Робинсон со 22 поена, Чавдар Костов даде 18 меѓу кои и исклучително важната тројка на 1,41 секунда до крајот, Маркус Гињар заврши со 11 коша. Прв стрелец, пак, кај бранителот на трофејот беше Бојан Трајковски со 20 поени, шест повеќе од Дамјан Стојановски додека нивните соиграчи Андрија Боиќ и Џордан Крафорд реализираа по 11.