Browsing: плејоф

Српскиот претставник, во плејофот за второто по ранг друштво на УЕФА, го елиминира Молде по ремито (1:1) во реваншот во Норвешка и триумфот на домашен терен победи со 2:1. Риека е запрена во плејофот од белгиски Гент, а Марибор од Лудогорец. Ждрепката за групната фаза во ЛЕ е во петок (30 август) во „Грималди Форум“ во Монако со почеток во 13 часот

Српскиот првак го елиминира Јанг Бојс (1:1 и 2:2) и по вторпат во низа ќе биде дел од групната фаза, хрватскиот шампион, пак, беше подобар во двомечот со Розенборг (2:0 и 1:1). Во групната фаза ќе игра и Олимпијакос по двете победи (4:0 и 2:1) над Краснодар

Останатите три меча од плејоф фазата за ЛШ се играат во среда (21 август). Динамо во Загреб го дочекува Розенборг, Црвена звезда ќе гостува во Швајцарија на екипата на Јанг Бојс, а Олимпијакос во Пиреја ќе биде домаќин на Краснодар

„Штрковите“ славеа на гостувањето кај Задар со 89:83 (по четвртини: 30:18, 27:18, 22:25, 10:22) и се најдоа на чекор до враќање во елитното регионално кошаркарско друштво за што им треба уште една победа. Вториот натпревар од серијата меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Задар е на 23 април во 18 часот во Скопје, а евентуалната мајсторка е на 30 април од 17 часот на брегот на Јадранот

„Металците“ и во вториот меч во полуфиналето од плејофот славеа над Спарс со 84:70 (по четвртини: 20:16, 21:21, 19:15, 24:18) и со 2:0 го елиминираа тимот од Сараево. Противник на МЗТ Скопје во финалето ќе биде подобриот од втората полуфинална серија меѓу Борац Чачак и Приморска. Победникот во наредната сезона ќе игра во елитната АБА лига, поразениот, пак, ќе игра бараж со Задар

Розенборг славеше со 2:0 и на арената „Филип Втори“ со головите на Ховланд во 67. минута и на Региниусен во 84. минута, откако Бесарт Ибраими во 20. минута и Изаир Емини во 49. минута не успеаја да го совладаат гостинскиот голман

„Модртите“ загубија на „Максимир“ од Јанг Бојс со 1:2, унгарскиот состав ремизира во реваншот со АЕК (1:1), но поради триумфот со 2:1 во првата средба, грчкиот претставник ќе биде дел од европската клупска елита во сезоната 2018/19

Кливленд Кавалирс ќе игра во финалето на НБА плејофот, откако ноќеска во мајсторката од финалната серија на Истокот го победи…