Шампионот на НБА лигата, Голден Стејт со победа го почна настапот во плејофот во Западната конференција. „Вориорси“ славеа над Л.А. Клиперс на домашен терен со 121:104 на отворање на четвртфиналната серија до четири добиени меча. Најефикасен беше Стеф Кари со 38 поени, 15 скока и седум асистенции, а Кевин Дурант додаде 23 поени. Вториот меч е по два дена, исто така, во Оукленд.

НБА плејоф

Источна конференција
Торонто – Орландо 101: 104
Филаделфија – Бруклин 102:111

Западна конференција
Голден Стејт – Лос Анџелес Клиперс 121:104
Денвер – Сан Антонио 96:101