Ракометарите од денеска во Маврово: Стартува „операција Франција“

Во стручниот штаб на Лино Червар се вклучени Пепи Манасков и Александар Јовиќ, со голманите ќе работи и Петар Мисовски, за физичката подготовка се задолжени Кристијан Кајчевски и Иван Теосављевиќ. СП 2017 во Франција е од 11 до 29 јануари. Македонија е во групата Б во Мец со селекциите на Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд