Browsing: Претквалификации

Македонската репрезентација ја исполни основната мисија, ја мина и втората претквалификациска рунда и по повеќе од две години пауза се враќа во главна ждрепка за завршен континентален турнир. Романија славеше во Плоешти со 65:53 (по четвртини: 15:16, 19:13, 12:10, 19:14), разлика што на крајот, сепак, е во прилог на „црвено-жолтите“ за освојување на првото место во групата Б

Во последното коло во рамки на групата Ц, националниот тим ја совлада Албанија со 3:2. На стартот беше совладана Грција со 5:3, во второто и Сан Марино со 7:0. Главната квалификациска фаза за мундијалот е од 22 до 27 октомври. Македонски ривали во неа ќе бидат селекциите на Украина, на Словенија и на Косово. Домаќин на турнирот е Украина

Националниот тим под водство на Иван Божовиќ го декласира аутсајдерот од Апенините во групата Ц со 7:0 и го задржа првото место на табелата пред неделните мечеви од последното коло што ќе имаат формален карактер со оглед дека и Албанија го мина ова скалило од мундијалските квалификации

Избраниците на Иван Божовиќ го совладаа јужниот сосед со 5:3 и на најдобар можен начин ги најавија амбииците за лидерската позиција на табелата во групата Ц. Утревечер од 20.30 часот во СЦ „Јане Сандански“, националниот тим на мегдан со Сан Марино, три часа претходно ќе играат Грција и Албанија

Косовските репрезентативци ја совладаа селекцијата од Балтикот во Приштина со 75:69 (по четвртини: 24:22, 11:16, 19:14, 21:17) и обезбедија место во главната квалификациска фаза за мундијалот во Кина во 2019 година

Националниот тим го совлада Косово со 87:74 што значеше и потиснување на вечерашниот ривал на последното место на табелата, поради подобар меѓусебен скор, на натпревар до крајот во претквалификациската група Ц. Во среда (17,30 ч.) „црвено-жолтите“ ќе гостуваат во Естонија