Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кошарка: Македонија зачекори кон квалификациите за СП 2019

0
By Нова ТВ on August 12, 2017 СПОРТ
Фото: fiba.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 12, 2017 23:26

Македонија зачекори кон главната квалификациска фаза за Светското кошаркарско првенство во Кина во 2019 година. Националниот тим го совлада Косово со 87:74 што значеше и потиснување на вечерашниот ривал на последното место на табелата, поради подобар меѓусебен скор, на натпревар до крајот во претквалификациската група Ц.

Победникот во арената „Борис Трајковски“ беше решен во третиот период. „Црвено-жолтите“ го решија во своја корист со 23:13 за кршење на отпорот на гостите што го задаваа во првиот дел. Косовските кошаркари ги добија воведните 10 минути од средбата со 19:22 во желба, веројатно, да покажат дека не се дојдени со бело знаме и дека онаа победа во Приштина не беше остварена, во голема мера, на крилја на поддршката од трибините.

Фото: fiba.com

Но, домашните успеаја навреме да се „разбудат“, да ја преземат контролата во натпреварот за конечна реализација на примарната цел во циклусот. Беа подобар ривал во наредните три четвртини (21:19, 23:13, 24:20) за растоварување на дел од притисокот пред гостувањето кај Естонците во среда попладне од 17.30 часот.

Бледиот впечаток, сепак, останува дека мораше многу подобро и на Косово и на домашен терен против Естонците иако претквалификациите, со вечерашниот триумф, конечно одат во посакуван правец. За комплетирање на мисијата е потребна победа и во Талин додека во случај на пораз ќе биде потребен и триумф на Естонија во Приштина за повлекување на „црвено-жолтите“ во квалификациите за СП 2019.

Прв стрелец во реваншот со Косовците беше Џордан Теодор со 24 поени, Костоски додаде 16, а Војдан Стојановски 14. Најефикасни кај поразената репрезентација беа Фисник Ругова со 17, Скот Бамфорт со 15 и Дардан Бериша со 11 коша.

Македонија – Косово 87:74 

По четвртини: 19:22, 21:19, 23:13, 24:20. Арена: „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 500. Судии: Толга Сахин (Италија), Мариуш Циулин (Романија), Дариуш Заполски (Полска).

Македонија: Николовски 2, Стајиќ 2, Јанески, Мекиќ, Костоски 16, В. Стојановски 14, Тасовски 4, Ѓуроски 5, Брчков, Чековски 8, Теодор 24, Младеновски 12. Селектор: Јорданчо Давитков.

Косово: Кастрати 3, Весели 6, Г. Ругова 6, Бериша 11, Хајризи, Зенелај, Бамфорт 15, Сина, Шоши 9, Морина 5, Ф. Ругова 17, Мекај 2. Селектор: Бред Гринберг.

Кошарка/претквалификации за СП 2019

Група А

Словачка – Ерменија 78:92

БиХ – Шведска 72:88

Табела: Ерменија 7, Шведска 6, БиХ 6, Словачка 5.

Група Б

Австрија – Албанија 97:63

Табела: Австрија 5, Холандија 4, Албанија 3.

Група Ц

Македонија – Косово 87:74

Табела: Естонија 4, Македонија 4, Косово 4.

Група Д

Бугарија – Португалија 91:65

Табела: Бугарија 6, Белорусија 3, Португалија 3.

Косово кошарка Македонија Претквалификации СП 2019
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.