„Алкалоид“ со раст на продажбите за 13 отсто, на добивката за 18 отсто и со над милијарда денари инвестиции

Фармацевтскиот гигант „Алкалоид“ бележи раст на консолидираните продажби од 13 отсто, раст на консолидираната нето добивка од 18%, на инвестициите во износ од над 1 милијарда денари и 218 нови вработувања. Ова се податоци што се нотирани во соопштението на компанијата за периодот јануари-декември во 2019 година