Македонската делегација во Стразбур остана без глас поради родова нееднаквост

Годинашната сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) започна со оспорување на овластувањата на македонската делегација по барање на унгарската пратеничка Зита Гурчаи од групата на социјалистите и демократите. Собранието на Северна Македонија со 46 жени парламентарки, односно со 38,3 отсто од вкупниот состав, се наоѓа на 21-то место на светско ниво, но во шестчлената делегација во ПССЕ само две се жени