Browsing: Ролан Гарос

Шпанецот во финалето го совлада Доминик Тим со 6:3, 5:7, 6:1, 6:1 за испишување на нова страница во историјата на „белиот спорт“. Тој е прв натпреварувач со 12 победи на еден турнир во машка и во женска конкуренција

Анонимниот Германец Оскар Оте немаше никакви шанси во дуелот со фаворизираниот швајцарски ветеран кој на крајот славеше со 6:4, 6:3, 6:4, Шпанецот го елиминира германскиот квалификант Јаник Маден со 6:1, 6:2, 6:4 и во наредната рунда ќе го има првиот сериозен испит во Париз во Белгиецот Даниел Гофан

По четири часа минати на теренот, на крајот славеше хрватскиот ветеран со 7:6, 7:5, 6:7, 7:5 и со своите 40 години стана највозрасен тенисер што учествувал на Отвореното првенство на Франција од 1978 година по Австралиецот Бери Филипс Мур кој беше два месеца постар

Победниците во машка и во женска конкуренција ќе заработат по 2,3 милиони евра што е за 4,55 отсто повеќе од 2018 година. Најголемо зголемување е планирано за тенисер(к)ите кои ќе се пробијат до главниот турнир низ квалификациите, па успешно минување на трите кола ќе значи инкасирање на 46.000 евра

Шпанецот во финалето го декласира Австриецот со 6:4, 6:3, 6:2 за одбрана на тронот во Париз и воедно 17. гренслем титула во кариерата. Трофејот на женскиот турнир го однесе Романката Симона Халеп која во финалето ја совлада Слоун Стивенс од САД со 3:6, 6:4, 6:1

Одличниот Италијанец славеше со 6:3, 7:6, 1:6, 7:6 за најголем скалп во неговата кариера и за место во големото финале ќе игра со Доминик Тим од Австрија. Женскиот дел од турнирот носи американско полуфинале меѓу Киз и Стивенс кои во петтите настапи во Париз беа подобри од Путинцева, односно, Касаткина