Browsing: САД

Македонскиот фудбалски тренер од Скопје е десеттиот кормилар на четирикратните светски шампионки кои последната титула ја освоија ова лето на СП во Франција по победата во финалето над Холандија со 2:0

„Американците испорачаа големи очекувања од разговорите со најавите за флексибилен пристап, нови методи и креативни решенија, но длабоко нè разочараа и го уништија нашиот ентузијазам бидејќи не изнесоа ниту еден предлог на маса“ истакна Ким Мјонг Гил, шеф на севернокорејскиот преговарачки тим

Поранешната американска амбасадорка во ОН го нарече официјален Кремљ „агент на хаосот“ и убедена е дека Москва се вмеша во претседателските избори во 2016 година, правејќи раскол преку социјалните мрежи

Напаѓачот, кој одбил да застане за сообраќаен прекршок (вртење без трепкач), е убиен во судир со полицијата. Ова е втор вооружен инцидент во Тексас во краток рок, откако пред четири недели во градот Ел Пасо вооружен маж уби 22 луѓе

„Дориан“ се очекува да биде од втора или трета категорија во Јужна и Северна Каролина најрано в понеделник навечер. Ураганот моментно беснее на Бахамите повеќе од 30 часа со силина од четврта категорија, а локалните власти упатија апел до населението за евакуација од загрозените острови

Весникот „Вол Стрит Журнал“, кој прв ја објави намерата за купување на Гренланд, тврди дека претседателот за неа говорел со „различни нивоа на сериозност“. Извори, пак, што беа цитирани од други медиуми со различни гледишта. Едни сметаат дека Трамп се шегувал додека други виделе сериозна намера кај претседателот за проширување на територијата на САД. По Австралија, која се дефинира на континент, Гренланд е најголем остров во светот и автономна територија на Данска