Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крвна плазма – нова надеж во битката со коронавирусот

0
By Нова ТВ on April 5, 2020 ВЕСТИ
Фото: ky3.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 5, 2020 09:23

Тифани Пинкни го памети стравот кога ковид-19 и го одзеде здивот. Кога се опорави, оваа њујорчанка стана една од првите излечени пациенти кои донираа крв за третман на сериозно болни пациенти.

„Навистина е неверојатно кога знам дека можеби одговорите се кријат во мојата крв“, вели Пинкни.

Лекарите ширум светот сега го реоткриваат со векови стариот третман за инфекции: инфузија на крвна плазма која содржи имунитетски молекули кои им помогнале на оздравените да го совладаат коронавирусот. Засега нема доказ дека ќе функционира. Но, поранешни пациенти во Хјустон и Њујорк веќе донираат, а болниците и центрите за донација на крв сега очекуваат стотици нови излечени да го следат нивниот пример.

Американските медицински служби најавија спроведување студија која ќе им помогне на болниците да нудат експериментална терапија со плазма и ќе следат дали тоа помага. Американскиот Црвен Крст ќе ја собира и дистрибуира плазмата.

Она што историските книги го нарекуваат „конвалесцентен серум“ стана познат како терапија за време на пандемијата на шпанскиот грип во 1918 година, но, исто така, и против сипаници, бактериска пневмонија и бројни други инфекции пред лекувањето да се насочи кон модерната медицина.

Како функционира таа терапија?

Кога организмот е погоден од инфекција, телото создава протеини наречени антитела кои се борат со вирусот. Овие антитела остануваат во крвта на излечените пациенти – особено жолтата плазма- со месеци, па дури и години.

Кога ќе се појави нова болест и научниците трагаат по лек или вакцина, „ова е привремена мерка која можеме брзо да ја имплементираме“, вели д-р Џефри Хендерсон од Универзитетот во Сент Луис, кој работи на националната студија.

„Ова не е лек сам по себе, туку начин да се намали тежината на болеста“, вели Хендерсон.

Докторите не знаат колку долго ќе преживеат антителата против ковид-19.

„Но, засега тие се најсигурната мерка која постои“, вели д-р Ребека Хејли од мрежата за донација на крв од Сиетл.

Во САД веќе се пријавиле илјадници луѓе подготвени да донираат плазма за што постапката не е така едноставна. Оние кои биле заразени и немаат симптоми веќе неколку недели, мора најпрво да се тестираат за да се осигура дека повеќе го немаат вирусот. Притоа мора да бидат и доволно здрави за да исполнат и други услови за донирање крв, но и да извршат тестови кои ќе покажат дали нивото на антитела во нивната крв е доволно високо.

„Не ви е потребна плазма од некој кој имал слаб имунолошки одговор. Тоа нема да помогне“, вели д-р Џули Леџервуд од Националниот институт за здравје.

Кинеските доктори минатата недела соопштија дека сите пет пациенти кои добиле конвалесцентна плазма покажале подобрување во рок од една недела. Но, тие, исто така, примале и друга терапија и без целосна студија, нема начин да се знае дали плазмата навистина помага.

Коронавирус Крвна плазма САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.