Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коронавирус: „Непобедливите“ тинејџери не сакаат да седат дома

0
By Нова ТВ on March 21, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 21, 2020 10:36

Родителите и полицијата се мачат да ги сопрат младите луѓе да останат во своите домови поради пандемијата на коронавирусот. Психолозите велат „тие се чувствуваат непобедливо“.

Тинејџер: „Не можам да седам дома цел ден. Сакам да си ги видам другарите!“
Родител: „Се шегуваш? – Ова е многу сериозно!“

Мозокот на адолесцентите дефинитивно игра улога во оваа ситуација во која властите низ светот се обидуваат да ги спречат собирите на младите луѓе, додека родителите се нервираат по дома поради проблемот пред кој ги исправи ширењето на коронавирусот.

„Како да бркате кокошки. Добро им е, времето е убаво, па мислат дека можат да излезат и да прават што сакаат. Сакаат да играат со топка во паркот. Ако има некоја отворена продавница сакаат да влезат. Без оглед колку ги молам, тие излегуваат и прават нешто“, вели Анастасиа Гавалас, мајка на пет деца од Њујорк на возраст меѓу 13 и 21 година.

Импулсивност, лоша проценка, егоцентричност

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус се приклучи кон апелите до младите луѓе да се соочат со реалноста дека новиот коронавирус и нив ги напаѓа во голем обем, а не само постарите.

„Не сте непобедливи. Вирусот може да ве смести во болница на неколку недели или дури и да ве убие“, порача Аданом.

Бебиња или тинејџери?

Рејчел Бузман, психолог за деца и млади од детскиот Институт во Њујорк, вели дека мозокот на адолесцентите кој е сè уште во развој може да покажува такви карактеристики, само што во овој случај тинејџерите со мисли за непобедливост можат да си наштетат себеси и на другите.

Кај повеќето луѓе, коронавирусот предизвикува само лесни или умерени симптоми, како треска и кашлица. Кај некои, особено кај постарите и лицата со здравствени проблеми, може да предизвика далеку посериозна болест, вклучително и пневмонија. Најголем дел од луѓето се опоравуваат, но некои тинејџери не ја прифаќаат реалноста дека и тие се потенцијални преносители.

„Тие во најголем дел се насочени кон награда и кон брзо чувство на задоволство“, вели Бузман.

А, што да прават родителите? – Особено оние на многу мобилни постари тинејџери навикнати на поголема слобода одошто дозволуваат рестрикциите со коронавирусот, вклучително и студенти чии факултети воведоа онлајн настава или пак го продолжија пролетниот распуст.

„Доколку го започнете разговорот со „не може да го правиш тоа“, веројатно ќе ве пресретнат со „О, да, можам. Јас сум возрасен. Првиот чекор е потврдата. Ставете му до знаење на вашиот тинејџер дека прифаќате, иако не разбирате докрај“, вели Бузман.

„Корона-забави“

Во Европа властите веќе реагираат. Белгиските медиуми јавија дека околу 300 луѓе се собрале на забава во една провинција во минатата сабота. Полицијата интервенирала и го растурила собирот.

Во Франција, тинејџерите кои не ја почитуваат забраната за собири ќе ги чинат нивните родители казни од 40 до 150 евра. Во Германија, само што започна убавото пролетно време, затворија училиштата, пабовите, клубовите и концертните сали и започнаа т.н. „корона-забави“ и покрај ограничувањата. Полицијата интервенираше во неколку паркови во Берлин каде се собираа поголеми групи млади луѓе.

Запрашан за проблемите со младите луѓе, претседателот на САД, Доналд Трамп се придружи кон оценката дека се работи за „чувство на непобедливост“ и повика на почитување на препораките. Неговата советничка, Дебора Биркс, предупреди на загрижувачките извештаи од Франција и Италија дека и младите луѓе сериозно заболуваат од Ковид-19.

Некои родители даваат се од себе

Ен Шмит од Вермонт има 17 годишен син кој е спортски активен, и не сака да седи во домот.

„Се вози наоколу во својот автомобил, ги посетува пријателите. Многу е тешко. Одземањето на физичката активност има драматичен ефект. Се обидувам да бидам што е можно посочувствителна, а во исто време да му ја осигурам безбедноста“, вели Шмит која го испратила својот син да купи „Xbox“ за да може барем да игра ФИФА онлајн.

Во Менхетн, мајката Алина Адамс се справува со три деца на возраст од 13, 16 и 20 години.

„Целосно ги ослободив затоа што знам дека во оној момент кога ќе кажам да направат нешто, тие ќе бидат целосно против. Мојата 13-годишна ќерка барем се занимава со Тик-Ток“, вели таа.

Европа Коронавирус САД тинејџери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.