Прво електрично теренско возило на Тесла: Сајбертрек е отпорен на куршуми со калибар од 9 мм.

Автомобилот ќе се продава во три верзии, со еден, со два или со три електрични мотори. Во зависност од моделот, батериите ќе бидат со досег од 402, 482 и 805 километри. Пикапот со максимална дополнителна опрема може да постигне брзина од 96,6 километри на час за 2,9 секунди. Цената на најефтиниот модел е од 39,900 американски долари, додека тромоторниот ќе чини 69,900 долари. Производството на „Сајбертрак“ е планирано да започне кон крајот на 2021 година