Browsing: Сенегал

Алжир го совлада Сенегал со 1:0 во финалето на Купот на Африкански Нации во Египет за невидена еуфорија во земјата, но и судири со полицијата во неколку француски градови. Во текот на ноќта во Париз беа уапсени 102 лица од кои, според извештајот на Министерството за внатрешни работи, 86 завршија во притвор. Француските власти наведуваат дека низ целата земја биле уапсени 198 лица од кои 177 останале во притвор

„Лавовите од Теранга“, како што популарно ги нарекуваат, на „Откритие арена“ во Москва ја совладаа Полска со 2:1 и ги оживеаја спомените од пред 16 години кога со три бода го започнаа настапот на мундијалот во Јужна Кореја и во Јапонија по триумфот над Франција со 1:0

Инцидентот се случил по финалето во тамошното фудбалско првенство меѓу локалните ривали Оукам и Стад де Мбур во Дакар. Полицијата употребила солзавец за смирување на страстите што предизвикало мешаница, паника и попуштање на ѕид на една од трибините