Во судир на два автобуси во Сенегал загинаа 38 луѓе, а 87 се повредени, соопшти денеска противпожарната служба во земјата.

Несреќата се случила ноќеска, во близина на градот Кафрин, на околу 250 километри југоисточно од главниот град Дакар. Повредените се превезени во болница во Кафрин.

Причината за несреќата се уште не е позната. Во земјата е прогласена тридневна жалост.

Извор: Слободен печат