Нова европска победа на Шкендија: Бесарт Ибраими го „уби“ Шериф

Тетовци вечерва на „Филип Втори“ арената го совладаа молдавскиот првак со 1:0. Стрелец на единствениот погодок на средбата беше Бесарт Ибраими од слободен удар во 24 минута. Реваншот е во вторник во Тираспол. Победникот од двомечот во третото коло за ЛШ на мегдан со Салцбург, поразениот оди во третото квалификациско коло за Лига Европа во кое за противник ќе го има подобриот од средбите меѓу исландски Валур и Санта Колома од Андора