Browsing: Случај „Ласкарци“
Од анализите на крв и урина направени по несреќата не е утврдено присуство на алкохол и други психотропни супстанци. Првиот лабораториски тест направен по незгодата покажува дека утринското ниво на гликоза во крвта било 10,1 милимол на литар“, изјави вешто лице од Институтот за судска медицина во презентацијата на извештаи за здравствената состојба на Маноил Трифуновски на денешното рочиште за ланската автобуска несреќа на автопатот Скопје – Тетово во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени
Вешто лице на денешното рочиште рече дека со вештачењето со сигурност е утврдено дека возачот не разговарал на мобилен и дека за свртувањето на автобусот кон лево при што излетал од автопатот можно е да се свртел кон лево со телото што, како што рече, автоматски го завртел и воланот кон лево или пак погледнал надолу пред себе што било доволно, поради брзината со која возел, да излета од патот
Според вештакот Милан Ќосевски, професор на ФЕИТ, констатирано е дека главните неправилности се лоцирани во неефикасноста на системот за кочење и додаде дека на автопатот немало траги од кочење. Ова е заклучок по извршениот увид на патот, на банкините, на локацијата каде што било возилото, како и на неговата механизација