Кукоч: САД поради нас почнаа да праќаат НБА играчи на СП и ОИ (Видеo)

Триесет години подоцна „12. величествени“ на селекторот Светислав Пешиќ повторно заедно. Зборно место беше Белград, причина извонедниот документарец насловен како „250 скалила“ во продукција на „Пи-Џи-Ем нетворк“, а снимен по идеја на македонскиот спортски новинар Живко Здравковски. Во него се прикажани тригодишните подготовки на кошаркарите за напад на светскиот јуниорски трон и голем број на интересни моменти што вешто се прикриваа од јавноста во насока на задржување на фантастичната атмосфера и потребниот мир меѓу, само, дел од спортските херои во Федерацијата од Вардар до Триглав