Browsing: СП 2019

Американките кои го бранеа тронот во финалето го поразија актуелниот европски првак со 2:0 со погодоците на капитенот Меган Рафино во 61. минута од пенал и на Рос Лавели во 69. минута. Покрај погодокот, Рафино стана и највозрасна фудбалерка (34 години и два дена) со гол во финалните пресметки на мундијалите, а нејзината селекција го завршија настапот на турнирот во Франција со 26 гола што е рекорд на женските светски првенства

Мечевите на женскиот ракометен мундијал ќе почнат на 29 ноември, ќе траат до 16 декември и ќе се играат во пет сали во Кумамото, Јапонија. Французинките ќе се обидат да ја одбранат титулата од СП 2017 во Германија каде во финалето ја совладаа Норвешка со 23:21. Освен победникот на турнирот, на Олимписките игри во Токио ќе се пласираат и репрезентациите од второто до седмото место на СП 2019

Црна Гора, пак, која ќе дебитира на кошаркарските мундијали, ќе биде дел од групата Ф во Нанџинг со репрезентациите на Грција, на Нов Зеланд и на Бразил. Покрај ѕвездата на лејкерси, на сцената во Шенжен се појавија и кинеската кошаркарска легенда, Јао Минг. Завршниот турнир ќе се одржи во Кина од 31 август до 15 септември

Полјаците го совладаа „коцкестите“ во Вараждин со 77:69 се потврдија како учесници на завршниот турнир во Кина во оваа година. На коло до крајот на циклусот, Хрватит останаа без теоретски шанси за пласман на мундијалот

Во шведскиот зимски центар денеска и квалификациски трки во слалом во машка конкуренција. Во нив настапија и четворица македонски претставници од кои два ги комплетираа двете возења. Дардан Дехари на крај го освои 43. место, Виктор Петков забележа 57. време додека Антонио Ристевски и Лука Божиновски не успеаја до целната рамнина во второто појавување на патеката

Краиновиќ ја оствари решавачката победа за српската селекција против Узбекистан за конечни 3:2, резултат со кој и Канаѓаните минаа триумфално низ Братислава во дуелот со Словачка

Во скандинавското финале на 26. СП, Данците ја совладаа Норвешка со 31:22 и без ниту еден пораз ја освоија мундијалската титула. Бронзениот медал за Франција која во меч за третото место славеше над Германија со 26:25. Меѓу репрезентациите учеснички на турнирот беше и македонската која го освои 15. место со биланс од три победи и четири порази

Швеѓаните ја поразија Хрватска со 34:28 додека Шпанците беа подобри од Египет со 36:31 и се сместија на последното место во генералниот пласман што обезбедија квалификации за олимписките игри во Токио во 2020 година