Browsing: СП во ракомет

Македонија вечерва (20,45 ч.) го игра вториот меч на Светското првенство во Франција. Со евентуална победа „црвено-црните“ ќе бидат, речиси, сигурни осминафиналисти на турнирот. На хартија се фаворити, како такви треба да се оправдаат и на терен

Изречената санкција е за „незапазување на нумеричкиот редослед“ на играчите при претставувањето на терен пред дуелот со Тунис во првото коло на мундијалот во Франција. Казна беше платена и на ЕП во Полска лани за настап во различна боја на чорапи

Хрватот на македонското кормилото изразува задоволство од севкупниот настап против Тунис и покрај присутните осцилации на моменти. Победата ја опиша како голема и слатка, но предупреди дека не е време за еуфорија

Ѕвездата на Барселона и македонски капитен стрелаше со 75 отсто успешност против Тунис. Упати 16 удари, 12 од нив завршија на вистинското место, подели и седум асистенции и беше прогласен за МВП на средбата

„Триколорите“ во реприза на олимпиското четврт-финале го декласираа „кариоките“ со 31:16. Валентин Порте најефикасен со 6 гола, одличен меѓу стативите беше ветеранот Тиери Омејер. Утре на турнирот Македонија против Тунис (17,45 ч.)